Ентони Хопкинс и Франсис Мекдорманд – добитници на Оскар за најдобри актери
Франсис Мекдорманд го освои својот трет Оскар на синоќешната церемонија во Лос Анџелес на доделување Оскари, за улогата во филмот „Земја на номадите“ (Nomadland), со што ја потврди својата репутација како една од најдобрите актерки од нејзината генерација. Со тоа им се придружи на Мерил Стрип, Даниела Деј Луис и Џек Николсон, единствените активни актери кои освоиле три Оскари. Пред нив е само покојната Кетрин Хепберн со четири Оскари.
Британскиот актер Ентони Хопкинс синоќа го освои својот втор Оскар на церемонијата во Лос Анџелес, за улогата во филмот „Татко“. Тоа е негов втор Оскар по скоро 30 години и четири номинации, откако во 1992 година беше награден со улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Социјалната драма „Земја на номадите“ (Nomadland), за животот во време на рецесија на американскиот запад, е прогласена за најдобар филм на синоќешната церемонија во Лос Анџелес. Кинескињата Клои Жао, за која ова е само трет филм, е втората жена наградена за режија. Кандидати за највисоката награда на Американската филмска академија годинава беа и „The Trial of the Chicago 7“, „Mank“, „Promising Young Woman“, „Minari“, „Judas and the Black Messiah“, „The Father“ и „Sound of Metal“.
Soul на комапнијата Пиксар (Pixar) го освои Оскарот за најдобар анимиран филм. Тој е 11-ти Оскар за Пискар во последните 20 години од доделувањето на наградата во таа категорија.
Британскиот актер Даниел Калуја го освои Оскарот за најдобра споредна улога, за улогата во филмот „Judas and the Black Messiah“. Актерот, роден во Лондон во семејство на имигранти од Уганда, за улогата на млад активист за Црниот Пантер, Фред Хамптон, кој беше убиен во 1969 година во Чикаго, претходно ги освои Златниот глобус, Наградата на Здружението на актери и британската БАФТА. Други номинирани беа Пол Рејси (Sound of Metal), Лесли Одом Џуниор (Night in Miami) и Саша Барон Коен (Trial of he Chicago 7).
Јужнокорејската актерка Јун Ју-јунг е добитничка на Оскар за најдобра споредна улога за улогата во филмот MInari.
„ My Octopus Teacher “ од режисерот од Јужна Африка, Крег Фостер е прогласен за најдобар документарец на Американската академија за филмски уметности и науки во Лос Анџелес. За наградата беа номинирани и „Collective“, „Crip Camp“, „The Mole Agent“ и „Time“.
Список на главните добитници на 93. Оскари, награда од Американската академија за филмска уметност и наука, што се одржа во Долби театарот и на други локации во Лос Анџелес.
– Најдобар филм: „Nomadland“
– Најдобра режија: Клои Жао, „Nomadland“
– Најдобра машка улога: Ентони Хопкинс (Тhe Father)
– Најдобра актерка: Франсис Мекдорманд (Nomadland)
– Најдобра споредна машка улога: Даниел Калуја
– Најдобра споредна женска улога: Ју Јунг-јун
– Најдобар странски филм: „Drunk“, Томас Винтерберг, Данска
– Најдобар документарен филм: „ Мy Octopus Teacher“
– Најдобар анимиран филм: Soul – Студио Пиксар
– Најдобро оригинално сценарио: „Promising Young Woman“
– Најдобро адаптирано сценарио: „The Father“
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
