Енергоатом: Нуклеарната електрана Запорожје целосно престана да работи

Работата на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, е целосно прекината како мерка за безбедност на централата, соопшти денеска украинската енергетска компанија Енергоатом.
Компанијата прецизираше дека го исклучила шестиот реактор на нуклеарната централа од електричната мрежа во 03:41 часот по локално време. – Во тек се подготовки за да се излади и да се доведе во студена состојба, соопшти Енергоатом. Компанијата додаде дека вчера успеала да ја обнови инфраструктурната врска на централата со електричниот систем, кој, според „Енергоатом“, бил оштетен од гранатирање. На овој начин повторно стана возможно централата да се напојува од украинскиот енергетски систем.
– Донесена е одлука да се исклучи блокот број 6 и да се доведе во најбезбедна состојба – студена, се вели во соопштението на енергетската компанија. Енергоатом во исто време нагласи дека „останува висок ризикот од предизвикување дополнителни штети на инфраструктурата“, што би создало потреба од „напојување на централата со дизел генератори, а ова решение би било краткорочно, земајќи ги предвид технолошкиот ресурс и количината на достапно дизел гориво“.
Киев во средата ги повика сите жители на областите окупирани од Русија околу нуклеарната централа Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа, да се евакуираат заради нивна безбедност.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на централата, што може да доведе до нуклеарна катастрофа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика областа околу централата да се демилитаризира.
Ново на Сител
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
