ЕЛ: Русите одбиваат да играат на Маракана

Фудбалскиот клуб Краснодар бара итна реакција од УЕФА и поместување на реванш мечот против Црвена звезда во квалификациите за Лига Европа со Црвена Звезда од популарната Маракана, сега стадион Рајко Митиќ.
Краснодар се жалеше бидејќи теренот е во лоша состојба и не обезбедува оптимални услови за игра, пренесува денеска белградскиот „Спортски журнал“. Како што се наведува УЕФА во текот на денот ќе испрати специјален контролор кој ќе изврши инспекција на теренот и ќе донесе конечна оценка за одигрувањето на мечот. Наводно во целиот случај се вмешал и ФС на Србија на чело со Славиша Кокеза кој од претседателот на УЕФА Александар Чеферин побара помош и разбирање.
Инаку Звезда доцни со менувањето на тревнатата подлога што е планирано да стартува дури од следната недела.
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
