ЕИБ ќе обезбеди гаранции за 1,95 милијарди евра за поддршка на Украина

Во Луксембург денеска ќе се одржи церемонија на потпишување на нов гарантен договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за обезбедување на 1,95 милијарди евра за поддршка на Украина, на која ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Оваа дополнителна гаранција има за цел да овозможи заеми за реализација на проекти фокусирани на напорите за итно закрепнување и обнова во Украина, како и за потенцијално поттикнување на приватни инвестиции за таа намена.
Според Кос, овој гарантен договор со ЕИБ ја нагласува важната улога на ЕУ во поддршката на Украина во справувањето со руската агресија.
– Ќе стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно и со интензитет што е нужен. Оваа нова гаранција ќе им помогне на Украинците да ја обноват својата земја.
Тоа ќе помогне во обновувањето на системите за вода и за греење, на училиштата и на болниците, додаде Кос.
Средствата обезбедени преку гаранциите од овој договор ќе бидат наменети за инвестиции во енергетската инфраструктура на Украина, за обнова на електричната мрежа, проширување на производството на енергија од хидроцентралите и од обновливи извори, како и подобрување на енергетската ефикасност.
Дел од овие средства се предвидува да бидат насочени и кон модернизација на железницата, подобрување на градскиот јавен превоз и надградба на транспортната инфраструктура и граничните премини со што ќе се олесни сообраќајот низ клучните извозни рути.
Дополнително, предвидено е и финансирање на обновата на системите за вода и за греење, јавното осветлување, училиштата, болниците и високообразовните институции.
Ова финансирање е дел од Украинскиот фонд на ЕУ во чии рамки се предвидени 50 милијарди евра за поддршка на Украина периодот од 2024 до 2027 година.
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
