Еден мртов и двајца тешко повредени во напад со нож во Сиднеј

Едно лице е убиено, а двајца други се тешко повредени синоќа во напад со нож во Сиднеј, објави ДПА, повикувајќи се на полициско соопштение.
Службите за Итна помош биле повикани во предградие западно од Сиднеј околу 10 часот по локално време поради пријави дека маж избодел неколку луѓе и избегал, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.
Нападот се случил на прометна улица. Медицинските лица им пружиле помош на три лица со тешки повреди, вклучувајќи маж на возраст меѓу 30 и 40 години, кој починал на лице место, изјави полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Сајмон Гласер.
„Другите две жртви, 22-годишен маж и 47-годишна жена, биле однесени во болница во критична состојба“, додаде тој.
Еден маж бил уапсен кратко време подоцна по полициска операција во областа.
„Осомничениот е познат на полицијата за ситни кривични дела и голем број инциденти поврзани со неговото ментално здравје“, рече Гласер, додавајќи дека се очекува осомничениот да се јави во суд.
„Истрагата е во многу рана фаза. Полицијата сè уште не знае кој е мотивот. Сепак, се чини дека станува збор за случаен напад“, додаде тој, нагласувајќи дека се случил „непосредно пред пладне, кога имало многу луѓе наоколу“.
МИА
Ново на Сител
-

ФФМ: Шкендија статистички е еден од најзаштитените тимови во ПМФЛ, но кога губат бодови секогаш други им се виновни
-

Македонските државјани во Бахреин во среда со специјален лет се очекува да се вратат во земјава
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска
-

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија
-

Американската војска соопшти дека погодила повеќе од 5.000 ирански цели од почетокот на конфликтот
-

ДКСК ќе ја одржи 29. седница
-

Цената на суровата нафта во САД се спушти до 81 долар за WTI и 84 долари по барел за Brent
-

Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“
