East Gate Mall: Безбедноста на вработените и на посетителите останува наш врвен приоритет
Слободното движење и безбедноста на секој што работи и нè посетува за нас се најважни и за ова да го оствариме, постојано ги превземаме сите мерки што ги имаме на располагање, велат од East Gate Mall. Во врска со инцидентот што вчера во попладневните часови се случи во подземните нивоа на молот, компанијата е во комуникација со надлежните органи и соработува за што побрзо расветлување на случајот.
- Целосно ја разбираме загриженоста на вработените и на посетителите и жалиме за непријатната ситуација во која што дел од нив се најдоа. Нашиот мол работи според највисоките стандарди и при секојдневното функционирање се почитуваат сите прописи за безбедност. За сигурноста на сите лица ги применуваме сите мерки што според законите ги имаме на располагање. На овој план имаме редовна соработка со надлежните органи. Овие принципи на работа ќе продолжиме да ги применуваме и ќе вложиме максимални напори истите во иднина да бидат уште подобри и поефикасни - истакнуваат од East Gate Mall.
Ново на Сител
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
