ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци

Во насока на зајакнување на координативната улога на ДЗС во државната статистика, постигнувањето висок квалитет и конзистентност на официјалните статистички податоци и намалување на трошоците за спроведување на статистичките истражувања, а во согласност со одредбите на Законот за државната статистика, денес, во име на институциите, директорот на Државниот заводот за статистика, д-р Дејан Станков и гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, го потпишаа Договорот за соработка и размена на податоци и публикациски материјали.

Со новосклучениот договор се проширува опфатот на податоци коишто се разменуваат, се олеснува и осовременува начинот на таа размена, истовремено се скусуваат и роковите за доставување на податоци. Сето ова е во насока на исполнување на статистичките барања на европските и меѓународните институции и продукција на квалитетни, веродостојни и навремени статистички податоци.
Овој Договор претставува чекор понапред во зајакнувањето на националниот статистички систем и производството на официјални статистички податоци како и подобрување на квалитетот и конзистентноста на макроекономските статистики со цел постигнување на стандардите на европскиот статистички систем. Квалитетната статистика е клучна за процесот на носење добри одлуки и за водењето здрави економски политики. Оттаму, постоењето на функционален статистички систем и соработката помеѓу институциите од тој систем, е од суштинско значење за формулирање на јавните политики, но и носењето на деловни одлуки од приватниот сектор.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
