Џихадист од Црна Гора убиен во Сирија

Уште еден Албанец од Балканот, кој се борел на страната на џихадистичката група Исламска држава (ИД), е убиен е во Сирија, објави приштинскиот весник „Експрес“.
Како што јави дописникот на МИА, станува збор за 18-годишниот Ернад Хисенај од селото Хот кај црногорското градче Плав. Хисенај за Сирија заминал пред неколку месеци и се приклучил во редовите на ИД.
Веста за загинувањето на Хисенеј ја потврдија неговите најблиски, на кои кога заминал за Сирија им рекол дека оди во Бохум во Германија.
- Ернад ќе го паметиме како многу убаво и мило дете. Што се случи и како заминал таму не знам. Сите мислевме дека е во Германија, изјави еден од неговите соседи.
На боиштата во Сирија и Ирак, како припадници на ИД досега се убиени стотина Албанци од Балканот, најмногу од Косово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
