Џафери во Анкара на средби со Ердоган и Кахраман

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, кој престојува во официјална посета на Турција, денеска во Анкара ќе се сретне со спикерот на Големото национално Собрание Исмаил Кахраман и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.
Вчера, Џафери на аеродромот во Анкара беше пречекан од Исмаил Бурге, претседател на Интерпарламентарната група за пријателство Турција - Македонија со кого оствари протоколарна средба.
Во придружба на Џафери се и потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Турција, Енес Ибрахим и членот на Групата за соработка, Јусуф Хасани.
Турција е парламентарна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, развила долга традиција на секуларност. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи.
Дипломатските односи меѓу Македонија и Турција се воспоставени во 1992 година кога Турција ја призна нашата земја под уставно име.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
