Џафери на 143. Собрание на Интерпарламентарната унија во Мадрид
Делегација на Собранието предводена од спикерот Талат Џафери ќе учествува на 143. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од денеска до 29 ноември 2021 година во Мадрид, Шпанија.
Во состав на делегацијата се пратениците, членови на Делегацијата во ИПУ: Диме Велковски, Никола Мицевски, Ели Панова, Арбер Адеми и Скендер Реџепи.
Како што соопшти собраниската прес-служба, се очекува на 143. Собрание на ИПУ да учествуваат околу 1100 претставници од над 120 земји членки на Унијата, како и повеќе од 40 претседатели на парламенти.
– Главната тема за дискусија на 143. Собрание на ИПУ е „Современите предизвици за демократијата – надминување на поделеноста и градење заедништво“. Комисиите на ИПУ ќе дискутираат за бројни прашања од нивна надлежност, меѓу кои: преиспитување и редефинирање на пристапот кон мировните процеси со цел да се промовира траен мир; искористување на информациските и комуникациските технологии како катализатор за образовниот сектор, особено во време на пандемија; законодавство ширум светот за борба против сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца преку интернет; глобалната кампања за вакцинација за ставање крај на пандемијата со Ковид-19: лекции од СЗО и СТО и слично, наведуваат од Собранието.
Во рамките на 143. Собрание на ИПУ, седници ќе одржат и „Форумот на жени парламентарки“ и „Форумот на млади парламентарци“.
Ова е прво Собрание на ИПУ од почетокот на пандемијата што се одржува со физичко присуство на учесниците, со сеопфатни здравствени мерки и протоколи.
– Интерпарламентарната унија е светска организација на парламенти, во која членуваат 179 национални парламенти и 13 меѓународни парламентарни собранија. Основана во 1889 година, ИПУ е најстарата мултилатерална политичка организација и најголемата меѓупарламентарна асоцијација. Унијата работи на зачувување на мирот и промовирање на позитивните демократски промени преку политички дијалог и конкретни активности. Светската организација на парламентите има седиште во Женева и тесно соработува со Организацијата на Обединетите нации и другите партнерски организации, чии цели ги споделува, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
