Двете најголеми болници во Алепо цел на воздушни напади

Двете најголеми болници во источниот дел на сирискиот град Алепо, кој е под контрола на бунтовниците беа цел на воздушни напади и привремено се затворени, соопшти невладината организација „Сириско-американско медицинско здружение“, чие седиште е во САД.
- Нападот се случи во 4 часот изутрината. Воен авион намерно ги нападна, изјави Адхам Сахлул, претставник на Здружението.
Сириската воена авијација почна концентрирани воздушни напади врз бунтовничките позиции во Алепо и околните региони, изјави сириски воен извор.
Во нападите бил поразен градот Хан Туман, јужно од Алепо, кој е под контрола на бунтовниците. Според истиот извор уништени се оклопни и други возила, од кои некои биле опремени со митралези.
Сириската војска се бори со бунтовниците на неколку фронта во копнени битки во Алепо, изјавија бунтовнички извори.
Провладините сили се мобилизираат веројатно како подготовка за уште копнени офанзиви во централниот регион на градот. Владините сили исто така вршат напади врз бегалскиот камп Хандарат, неколку километри северно од Алепо, кој исто така е под контрола на бунтовниците.
Ново на Сител
-

САД ќе издадат монета од еден долар со ликот на Доналд Трамп
-

Приведени две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити и се стекнале со 10.820.000 денари
-

Николоски во Кисела Вода на увид во реконструираната улица „Лазар Димитров"
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса
-

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
-

Мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики
-

СП 2026: Скалони – Моите фудбалери се уникатни, а нашите навивачи фантастични
