-->
-->
Двајца повредени во сообраќајка во Штип
-->

Вчера во 10.15 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев” со ул.„Борис Кидрич“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(44) од с.Ерџелија и товарно возило „сканиа“ со приколка, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(58) од Штип, информираат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило Д.Е.(44), а возачот Ј.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
