Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра

Седумдесетгодишен жител на тетовско село во полиција пријавил дека тој и брат му биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.Н. од Тетово.
Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, според вчера пријавеното, во текот на 2024 година лицето им понудило нему и на брат му да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж.
Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит за што и двајцата потпишувале бланко-листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени, појаснија од Министерството.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
