ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за блокада
ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е судски потврдено криминално здружение, но и без тоа, нема граѓанин во нашата држава, дури и членовите на ВМРО ДПМНЕ знаат, дека корупцијата и организираниот криминал во нашата земја е измислена и перфекционирана од страна на ВМРО ДПМНЕ.
Унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошки партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев, и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти НАТО и анти ЕУ елементи во нашето општество, нема ниту кредибилитет, ниту поддршка да говори и обвинува за корупција, ниту за иднината на нашата земја која што ја држи во заложништво и блокада.
ВМРО ДПМНЕ е синомин на корупција, потврдено од самите партиски челници со признание пред Судот, потврдено од судот и со целосно државно конфискуван имот. Тоа го потврди и Данела Арсовска. Тоа го знае секој граѓанин во Северна Македонија. Тоа го знае цела меѓународна заедница
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним на блокада. Го блокира Собранието, општините, Владата, сите проекти, и цела држава. Тоа е вистинската корупција.
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за заложништво. Нема поголема корупција од заложништвото на ВМРО ДПМНЕ на своите граѓани и нивната европска иднина.
ВМРО ДПМНЕ е во мртва рацистичка трка со Левица која да биде по анти-албанска партија. И Мицкоски и Апасиев ги гледаат Албанците само како слуги, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државнии позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.
Координираните напади со Левица врз Албанците имаат за цел да ја прикиријат и одлуката на Судот за Човекови Права од Страсбург за криминалот и корупцијата на ВМРО ДПМНЕ потврдена од цел свет.
ВМРО ДПМНЕ и Левица се осамени во нивниот коруптивно - заложнички свет и уште долго време ќе останат во опозиција затоа што немаат поддршка и немаат партнер, ниту домашен, ниту меѓународен.
ДУИ
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
