-->
-->
ДУИ: Постигнатиот договор во интерес на државата и на народот
-->

Нема победници, ниту губитници по вчерашните преговори на четирите најголеми политички партии на кои беа затворени преостанатите прашања од Договорот од Пржино, а тоа претставува и добар развој и за државата и за народот, оценил лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Како што соопштија од ДУИ, на лидерската средба постигната е согласност за Изборниот законик, законот за Владата, законот за прислушуваните материјали и законот за „свиркачи“ да се најдат заедно во пакет на иста собраниска седница, а биле договорени и детали околу Анкетната комисија за прислушување.
- Исто така, се потврди нашето барање предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април 2016 година и да нема одложување на изборите, откако претходно беше комплетиран тимот на специјалниот обвинител, се посочува во соопштението.
На состанокот, се наведува, била постигната согласност и за предложените имиња од страна на СДСМ за министер за внатрешни работи да биде Оливер Спасовски, министер за труд и социјална политика Фросина Ременски, како и имињата на замениците-министри за земјоделство, финансии и јавна администрација и информатичкo општество, Љупчо Николовски, Александар Кирачовски и Кире Наумов.
- Затворањето на овие прашања значи продолжување на структурните реформи во согласност со препораките на ЕУ, враќање на политичката стабилност и безбедност во земјата и претставува гаранција за одвивање слободни и фер избори. Сите овие моќно ја враќаат земјата кон евроатланската интеграција, која претставува апсолутен приоритет за нашите граѓани, наведуваат од ДУИ.
Според оваа партија, со договорот албанските позиции во извршната власт останале недопрени, а друга карактеристика на овие преговори, од Законот за специјалното обвинителство до Изборниот законик, е проширувањето на полето на користење на двојното мнозинство (Бадинтер) и промоција на принципот на воспоставување консензус, како и анализа за спроведување на Охридскиот договор во соработка со ОБСЕ и Европскиот институт за мир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Актерството ме научи дека можам да успеам во секоја улога | Марија Јанчевска | Sitel Podcast 145
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција
-

Боко Харам уби 23 војници во Чад
-

Трамп: Иран нема никакви шанси
-

Иран ги обвини САД за убиство на пет цивили во два трговски брода во Ормуската Теснина
-

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик, да го браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои
-

Во Собранието завршија интервјуата на петте кандидати за член на ДКСК
-

23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
