-->
-->
ДУИ го прекина протестот во Бутел
-->

Дeмократската унија за интеграција (ДУИ) доцна синоќа го прекина протестот против изградбата на крст во скопската општина Бутел.
Од партијата најавија дека се повлекуваат пред денешниот христијански празник Задушница. Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Чаир, Иџет Меџити рече дека ќе продолжат да се бараат решенија преку демократски форми. Според Меџити, бил постигнат институционален договор со посредство на меѓународната заедница за почитување на бадентеровиот принцип.
Претходно синоќа исто така во Бутел беше организиран протест на граѓани поддржувачи на изградбата на крстот. Полицијата спречи тие да се приближат до местото каде што протестираа членовите на ДУИ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
