ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат
Парламентарната партија Движење за права и слободи нема да го поддржи Румен Радев на претстојните претседателски избори во Бугарија, изјави пратеникот од партијата Јордан Цонев во емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија.
Според дописникот на МИА во Софија, причина за одлуката бил дијалогот меѓу претседателот Радев и лидерот на ДПС Мустафа Карадај за време на консултациите за формирање влада, кога Радев го прашал Карадај која е неговата татковина.
Нападите се случија по обвинувањата против привремениот министер за економија Кирил Петков дека има канадско државјанство и дека не треба да ја извршува таа функција.
„Поради оваа изјава ќе има последици. Како што придонесовме Румен Радев да стане претседател во 2016 година, така и сега ќе придонесеме да не стане повторно. Нема да го поддржиме на изборите”, рече Цонев.
Претседателските избори во Бугарија треба да се одржат на 14 ноември. Се уште нема одлука дали тие ќе бидат заедно со предвремените парламентарни избори во земјата.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
