Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова

Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил 79-годишната Борјанка Николова од Штип, по што го распарчил нејзиното тело. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа пронајдени, иако полицијата, заедно со штипското комунално претпријатие „Исар“ извршија претраги и на депонијата „Трештена скала“ во Штип. Судијката, Јулијана Недкова денеска во Основниот суд во Штип го огласи за виновен Асанов и ја објави пресудата.
Во завршните зборови обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип побара казна согласно законот, бидејќи 74-годишниот Денис Асанов ја убил 79-годишната Борјанка Николова, а пак неговата одбрана тогаш побара ослободителна пресуда и тврдеше дека Асанов е невин.
Според Обвинителството, Асанов го извршил грозоморното убиство на жена, при што на еден монструозен и немилосрден начин ја убил оштетената и со остар предмет и ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место.
Според бранителката Елизабета Панева доказите не се доволни и не даваат јасна слика за тоа како е извршено злоделото. Во завршните зборови посочи дека отсуствуваат докази, со што се отвара простор за сомнеж во вината на обвинетиот. Таа побара домашен притвор и ослободителна пресуда за обвинетиот.
Убиството е извршено лани, а по обдукцијата е утврдено дека жртвата Николова имала скршени осум ребра и тешки повреди на градниот кош, најверојатно од силен притисок. Телото било пронајдено по две недели по смртта.
Асанов лани пред истражните органи првично признал вина, но подоцна пред Судот ја смени изјавата, тврдејќи дека телото го пронашол во куќата.
МИА
Ново на Сител
-

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ - 24-часовни објави со слики што ќе се гледаат само еднаш
-

Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести
-

Променливо облачно со сончеви периоди, во Скопје можни краткотрајни врнежи од дожд
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
-

СВР Битола апелира граѓаните да внимаваат на пријави за лажни сообраќајни несреќи
