Дожд во Пелагонија, силен ветер во Повардарието - Нова прогноза на УХМР

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 32 Гевгелија, Д. Капија, 29 Струмица, Скопје, 27 Тетово, 26 Кр. Паланка, 24 Претор, 25 Пожаране, Берово, 26 Прилеп, 28 Битола, 26 Тополчани, 29 Штип, 26 Охрид, 24 Ѓуриште.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот: 7 Битола, 3 Прилеп, 2 Тополчани, 1 Берово, Охрид.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Од изутрина беше сончево со мала облачност. Од претпладневните часови малку се зголеми облачноста во крајните планински региони и започна да дува се поинтензивен северозападен ветер кој и попладне остана најсилен во Штипско.
Грмежи и повремен дожд имаше на помал број на места во западните планински делови, а на крајов на денот во регионот на Пелагонија. И попладне дува засилен ветер вдолж Повардарието.
ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА: Позначајна облачност ќе има на запад и на југ и тоа во планинските региони, а ветерот полека ќе стивнува, иако ќе се задржи и понатаму да е северозападен.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието и кон источните делови. УВ=8 Т-мин. од 9 до 19 а т-макс. 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата од 15 до 30 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, зголемена облачност ќе има повеќе во планинските региони. Преку денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и кон исток засилен северозападен ветер, поради кој ќе задржи се уште посвежо. Потоа следува период на стабилно сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела.
Ново на Сител
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
-

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање - миење заби, раце и храна со флаширана
