Доделени наградите на Европската музејска академија

ГПО Историскиот центар од Даблин, Ирска (GPO Witness History Visitor Centre), ја освои наградата Микелети за најдобар музеј во Европа на годинашната свечена церемонија на Европската музејска академија (ЕМА), чиј домаќин беше НУ Музеј на македонската борба од Скопје.
Во трка за наградите беа 35 музејски институции од дваесеттина земји од Европа, а Историскиот центар беше посочен како исклучителен пример на музеј кој отвора емотивни историски прашања преку нивна трансформација во пораки за помирување.
Посебно признание доби музејот Алпинариум од Галтур, Австрија, а наградата ДАСА, која се доделува за особени достигнувања во едукацијата во музеите, заврши кај Музејот за дизајн од Копенхаген. Музејот е посочен како современа динамична институција отворена за посетители од сите возрасти и посветена на доживотното учење.
Во Скопје од 28 до 30 септември се одржа и Годишната конференција на Европската музејска академија на која присуствуваа 120 музеолози од 28 земји од Европа, меѓу кои и од Македонија. Освен презентациите на кандидатите за награди, на конференцијата се разменија и идеи и мислења за врската на музеите и туризмот и нивниот придонес во локалната економија. Конференцијата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Европската музејска академија (ЕМА) е непрофитна фондација со седиште во Холандија, чија цел е да ја промовира концепцијата и развојот на новите, но и традиционалните музеи како средство за општествени промени.
Наградата Микелети за најдобар музеј во Европа се доделува како илустрација на најдобрите музејски практитки во соработка со фондацијата Микелети. Фондацијата Луиџи Микелети (основана во Брешиа во 1981 година) е истражувачки центар специјализиран за историјата на 20 век. Предмет на интерес на овој центар се идеологиите на 20.век, војните, техничкиот напредок, индустријализацијата и трудот. Во оваа организација се претставени 38 земји, меѓу кои и Македонија.
Изложбениот центар ДАСА од Дортмунд, пак, е едукациска установа на германскиот Федерален институт за безбедност и здравје при работа и ја информира публиката за светот на работата, статусот на индивидуалецот и општеството и важноста работата да се прилагоди на потребите на човекот. Врската меѓу луѓето, работата и технологијата е претставена на 13.000 квадратни метри и 12 изложбени единици. ДАСА се фокусира на луѓето и нивните физички, интелектуални, општествени и културни потреби.
Ново на Сител
-

Спотифај воведе нова опција
-

Турција: Три танкери во Црно Море нападнати од дронови
-

Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
-

Гардијан“: ЕУ разгледува план за членство без право на вето и укинување на едногласноста во одлучувањето
-

Кривична пријава против делчевец затоа што намерно предизвикал шумски пожар
-

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба во Кисела Вода, граѓаните претставија идеи, предлози и проблеми
-

Пред храмот Св. Сава во Белград со часови се чека во ред за поколонение пред Појасот на Пресвета Богородица
-

Американската армија повторно го нападна Иран, ИРГЦ возврати со напад врз Кувајт
