Доделени годинaшните награди Жан Моне

Делегацијата на Европската Унија во Македонија синоќа ја додели годинaшната награда „Жан Моне“ во категоријата најдобар новинарски текст, најдобра професионална и најдобра аматерска фотографија.
Наградата за најдобар новинарски текст постхумно му беше доделена на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“. Наградата за најдобра професионална фотографија ја доби фоторепортерот Роберт Атанасовски, а за најдобра аматерска фотографија Дарко Цветановски.
Годинaшниот конкурс за наградата „Жан Моне“ беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“.
Наградите „Жан Моне“ ги додели евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар.

Наградата „Жан Моне“ Делегацијата на Европската Унија годинава ја додели по 14. пат, а се однесува на најдобрите достигнувања во известувањето за прашања кои се однесуваат на ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ.
Оваа година, на конкурсот беа примени 58 пријави, од кои 14 за најдобра репортерска фотографија, 7 за најдобар новинарски текст и 37 за најдобра аматерска фотографија. Статуетките за наградата годинава ги изработи Елена Стефановска, студент од трета година на Факултетот за ликовни уметности, Вајарски оддел.
Во изминатите 13 години, повеќе од 400 новинари се натпреварувале за наградата, а меѓу добитниците на наградата „Жан Моне“ има познати новинари, фоторепортери, како и млади автори.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
