До полноќ пријави до ДИК за Избирачкиот список

Ноќеска на полноќ ќе биде затворена опцијата за пријавување неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК).
Ова, како што соопшти денеска ДИК, е од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка.
Според соопштението, од денот на објавувањето на Избирачкиот список на веб страната на ДИК, со податоци : име, презиме и адреса на избирачите, согласно член 31 став 2 точка 28-г, до денеска можноста да пријават нерегуларности во податоците ја искористиле околу 5.000 граѓани.
Државната изборна комисија воедно информира дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки ќе го разгледа на јавна седница во среда и најавува дека веднаш потоа ќе се започнат подготовки и активности за спроведување на теренската проверка.
- Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во Избирачкиот список на веб страната, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Државната изборна комисија со сите пристигнати пријави соодветно ќе постапи на начин што дел од известувањата на граѓаните ќе бидат предмет на административни проверки преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште, по утврдување на основoт на истите, ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки, соопшти ДИК од каде се заблагодаруваат на граѓаните за подршката и активното учество во напорите околу прочистувањето на Избирачкиот список.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица
-

Мицкоски: Дел од синдикатите што денеска протестираат беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати
-

Протест на ССМ за повисока минимална плата и подобри услови за работа
-

Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти, се проверува дали компании прават реекспорт на горива во соседството
-

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани
-

Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации
-

Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа
-

Претставен новиот „Адидас“ дрес на македонската фудбалска репрезентација
