-->
-->
До 17 часот најголема излезност на гласачи во Општина Тетово со 41,50 проценти
-->

По евидентирање на излезноста до 17 часот и понатаму во тетовскиот регион најголема излезност за локалните избори е во рамки на Општина Тетово каде од 87.878 граѓани гласале 36.140 или 41,50 %.
Следува Општина Брвеница каде од 16.150 граѓани гласале 6.241 или 38,66%. Потоа, во Општина Јегуновце гласале 3.838 луѓе од вкупно 9981 гласачи или 38,47 %. Во Општина Теарце до 17 часот гласале 8.518 избирач или 37,56 % од вкупно 22.688 гласачи
Општините со најмал процент на излезност се Желино и Боговиње. Во Општина Желино која брои вкупно 25.731 гласачи гласале 9.478 или 36,86 %. Во Општина Боговиње до 17 часот гласале 31,83 % од избирачите или 9.251 од вкупно 29.088 граѓани со право на глас.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
