Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Решение за војната во Украина би можело да се најде прилично брзо ако се земат предвид три клучни прашања за Русија, изјави Кирил Дмитриев, специјален претставник на Кремљ и извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој моментално е во посета на САД.
– САД, Украина и Русија разбираат какво може да биде решението и се надеваме дека ќе се постигне во разумен временски рок, изјави Дмитриев за „Фокс њуз“.
На прашањето да појасни какво е решението, Дмитриев наведе три елементи битни за Русија.
– Еден од нив се безбедносните гаранции за Украина, а Русија е отворена за безбедносни гаранции за Украина. Дефинитивно постои територијалното прашање, каде што има руско население, кое беше нападнато од украинските сили дури и пред почетокот на конфликтот. И потоа тука е целото прашање за неутралноста на Украина, што е важно за безбедноста на Русија. Всушност, нема толку многу прашања на маса, и во основа, со разбирање како тие можат да се решат по дипломатски пат, решение може да се најде прично брзо, рече Дмитриев.
Тој, исто така, го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи го напредокот постигнат во решавањето на конфликтот за време на неговиот мандат.
– Пред се, претседателот Трамп избегна ескалација во Трета светска војна. Второ, тој го постигна првиот прекин на огнот за нападите врз термалната и енергетската инфраструктура. И трето, тој навистина ја разбра руската позиција, рече претставникот на Кремљ.
Претходно, во разговор за Си-Ен-Ен, Дмитриев кажа дека средбата меѓу Трамп и Путин не е откажана и оти веројатно ќе се одржи, но подоцна од планираното.
– Мислам дека средбата е одложена – нашите дипломати мора добро да ја подготват, рече Дмитриев.
Тој, исто така, го пофали и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за тоа што „веќе признава дека станува збор за фронтовските линии“, за разлика од неговиот претходен став дека Русија треба целосно да си замине од Укарина.
Според Дмитриев, тоа укажува дека „сме доста блиску до дипломатско решение што може да се постигне“
MИА
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
