Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро

Директорот на Формула 1 тимот на Ферари, Фред Васур, го поддржа Луис Хамилтон во неговата желба да се прилагоди што е можно побрзо во италијанскиот тим по несигурниот старт на првите тестови пред Големата награда на Австралија.
На првиот слободен тренинг на „Алберт Парк“, Хамилтон постигна само 12-то време, повеќе од половина секунда побавно од неговиот тимски колега Шарл Леклер, кој беше трет.
Седумкратниот светски шампион Хамилтон го постигна петтото најбрзо време во втората сесија, но сепак беше 0,42 секунди зад Леклер, кој овој пат заврши на првото место.
Васур, кој зборуваше помеѓу двата тренинзи, истакна дека никој од тимот не очекувал Британецот да биде на врвот на својата форма на стартот.
-Не е прашање на брзина. Целта за него е да запознае сè во тимот, да го научи софтверот, процесот, системот. Мислам дека имаме многу заедничко со Мерцедес, но немаме исти имиња или начин на користење. Тоа е процес на учење, сподели Васур пред новинарите.
Директорот потсети дека поранешниот возач на Ферари, Карлос Саинц, победил на претходното издание на трката во Австралија, два дена откако на првиот тренинг го освои само осмото место.
-Не може да се извлечат заклучоци од првиот слободен тренинг. Не се сомневам дека Хамилтон ќе биде конкурентен, и тоа многу брзо, убеден е тој.
Ново на Сител
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
