ДИК: Вкупно 297 кандидати ќе се борат за градоначалници на 17 октомври

Вкупно 297 кандидати ќе се борат на претстојните локални избори на 17 октомври за градоначалници во 80 општини и Град Скопје, покажуваат резултатите од списокот што денеска го објави Државната изборна комисија (ДИК).
Најмногу пријавени кандидати за градоначалник – 12 има за Град Скопје. За скопските градски и приградски општини за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалник, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар шест, Илинден четири, Петровец три, Сопиште два, Студеничани три и Чучер Сандево четири кандидати за градоначалник.
Од другите општини во земјава најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше.
Од ДИК велат дека податоците за листи на кандидати за членови на советите се во обработка.
Ново на Сител
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

ДЗР: Неправилности во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, недостигаат 30 лаптопи, исплаќана плата без присуство на работа, финансирани здруженија и фондации
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
