ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно ги прифати барањата за акредитации за четири набљудувачи на предвремените парламентарни избори од Организацијата за зашита на човековите права и од Државната централна комисија на Косово.
Членовите на ДИК ги разгледаа и не ги усвоија приговорите за заштита на лично право за гласање поднесени од Игор Настов и Петар Николов. Овие лица поднеле барања до ОИК, биле одбиени и за нив потоа одлучува ДИК.
Членовиоте на ДИК имаа поделени мислења. Елизабета Постоловска информира дека Настов поднел приговор зошто ОИК Росоман го одбила неговото барање за гласање во домашни услови поради позитивен тест на КОВИД-19 со образложение дека барањето било надвор од рокот, кој беше 8 јули 2020. Приговорот бил поднесен на 9 јули 2020. Настов како приговор навел дека „со тоа што апликацијата на ДИК не е усогласена со реалното време, ми е одземено правото на глас“. Во прилог доставил скрин принт каде се гледа дека апликациајта се затворила пред време. Постоловска смета дека треба да се уважни приговорот.
Борис Кондарко, пак, рече дека има сомнежи за двата приговора и ќе гласа против. Не обвини и не прозва никого. Посочи дека иако се работи за две физички лица, тие доставиле исти докази – слика од нивните мобилни телефони. Смета дека се работи за вербални наводи, нема факти и докази и оти приговори се задоцнети. Сомнително и симптоиматично, според него, е тоа што за двата приговара скрин принтот од телефоните, процентот на батеријата на телефонт и времето е потполно исто.
Потпретседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху предложи нивните стручни служби да проверат дали навистина апликацијата е предвреме затворена, дали имало проблеми со апликацијата и да дадат образложене, заедно со правната служба. Но, членовите на ДИК не го прифатија нејзиниот предлог.
Ново на Сител
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
