-->
-->
Девојка се обиде да се самоубие во Кисела Вода
-->

Дваесет годишна девојка денес околу пладне се обиде да си го одземе животот во скопската населба Кисела Вода, дознава Курир.
Девојката сакала да скокне од седмиот кат од зграда на улицата “Народни херои”, но била спречена од полициски екипи кои веднаш пристигнале по пријава на граѓанин.
Од МВР потврдуваат дека имаат пријава за таков настан, но повеќе детали не откриваат. Во моментов со девојката, која во станот живеела како потстанар, разговараат полициски екипи.
Неофицијално девојката е од Охрид, а причина за обидот за самоубиство се проблеми во љубовта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
