-->
-->
Детската болница Козле со нова опрема и сертификат за акредитација
-->
Нова софистицирана опрема која вклучува и рендген апарат наменет за снимање деца, кој нема зрачење како рендген апаратите за возрасни, доби Детската болница Козле, која се стекна со сертификат за акредитација од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи и стана институција која ги задоволува сите стандарди за дејноста која ја извршува.По тој повод, болницата денеска ја посети министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во изминатиов период во болницата била донирана опрема од Јапонската амабасада, но била набавена и специјална радиолошка опрема.
- Во рамките на болницата функционира и Центарот за цистична фиброза кој е единствен од ваков тип на Балканот, затоа што ги исполнува сите европски стандарди, посебно опремени соби со специјална изолација, посебно опремена интензивна нега и посебни техники на бронхоскопија и снимање кои се имплементираат само во оваа болница, посочи Филипче.
Потенцира дека во празниот и неопременет блок планираат да инвестираат и да направат Центар за палијативна нега на деца.
- Тоа се деца со најтешки болести и многу често им треба некаква форма на продолжено лекување. Сметаме дека ова е идеално место и дека дополнително со зајакнување на кадарот кој ќе работи во болницата во Козле и Палијативниот центар ќе стане единствен центар во регионот кој дава таква услуга, додаде Филипче.
Директорот на Детската болница Козле, Ангелчо Андоновски рече дека новата опрема ќе значи еден вид давање комплетна услуга на децата.
- Се избегнуваат оние несакани моменти на губење време кога е најпотребно за да биде укажана помош на децата, кои добиваат комплетна лабораториска услуга и прегледување, дури и оние најголемите интервенции кои се потребни, а и целосна и комплетна ехографска и рендгенолошка обработка односно правилно дијагностицирање, рече Андоновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во текот на вчерашниот ден шест пријави за семејно насилство, три лица уапсени
-

Сообраќајната статистика во Куманово бележи умерено подобрување, зголемен број санкции
-

Македонските кикбоксери со шест медали на Светскиот куп во Италија
-

ЈО: Ивана била тепана, изложена на закани и сурово психички малтретирана
-

Вработен во комунална хигиена натепал вработен во внатрешна контрола
-

ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска
-

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми
