Десетици илјади Срби протестираа во Белград против Вучиќ

Десетици илјади Срби се собраа синоќа четврти пат по ред на протест во Белград против српскиот шеф на државата Александар Вучиќ, објави БНР.
Поддржувачите на опозицискиот блок од 30 партии и организации , наречен “Алијанса за Србија”, го дефинираат Вучиќ како автократ, а неговата Српска конзервативна партија како корумпирана.
Вчера во интервју за локалната телевизија “Студио Б” српскиот претседател изјави дека не се плаши од протестите и дека тие се демократско право, под услов да не дојде до проблеми.
“Луѓето денес се на улица, бидејќи им е преку глава од неправдата, корупцијата, насилството и уценувањето. Денес во Србија не можеш да се бориш со овие работи преку институциите, бидејќи тие речиси се откажаа од работа. Затоа денес се собравме толку многу луѓе тука. ” – коментираше Јеремиќ.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
