Десет години кореографска дејност на Олга Панго

На Малата сцена во Македонската опера и балет денеска ќе бидат одбележани десет години од кореографската дејност на Олга Панго и од нејзиниот современ балет „Јас, Исидора“ на сцената.
Јубилејниот настан ќе има два дела - во првиот е мултимедијалната изведба „Тука сум“, а во вториот ќе биде изведен балетот „Јас Исидора“ - приказна за страстната љубов помеѓу познатата балерина Исидора Данкан и рускиот поет Сергеј Есенин кои ги играат Саша Евтимова и Васил Зафирчев.
Панго е автор на либретото, кореограф и режисер на „Јас, Исидора“, по музика на Калиопи Букле. Сценографијата и костимографијата е на Благој Мицевски.
Јубилејниот мултимедијален настан „Тука сум“ е на музика на Калиопи Букле и Џингиз Ибрахим и во режија на Наташа Поплавска. Кореографијата и изведбата е на Олга Панго, а костимограф е Марија Пупучевска
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
