Денеска е Св. маченик Калистрат и 49-те негови другари
Овој Калистрат беше од старата Картагина, што се наоѓала на африканскиот брег во денешен Тунис.
Роден е во христијанско семејство и воспитан во Христовиот дух. Додека служел војска, некој од војниците го видел како станува ноќе и се моли на Бога, па го поткажал кај заповедникот како христијанин. Овој го затворил, а потоа, откако го изнамачил го фрлил в море. Но, Бог го заштитил и Калистрат излегол од водата неповреден. Гледајќи го неговото трпение при поднесувањето на маките, 49 негови другари ја примиле верата во Христа, заради што биле затворени со Калистрат.
Ноќе, во време кога се вршат срамните дела, заповедникот пратил луѓе и ги погубил. Тоа се случило во 304 година. Подоцна, на тоа место, осветено од нивните мошти, била изградена црква.
Ново на Сител
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
