Денеска е Преподобен Тимотеј и св. Евстатиј Антиохиски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 февруари.
Денеска е Преподобен Тимотеј и св. Евстатиј Антиохиски.
Преподобен Тимотеј живеел во осмиот век. Се подвизувал како монах во манастирот Символи, на планината Олимп во Мала Азија (таа ни е позната и како место на монашкиот подвиг на св. Методиј Солунски). Денес се слави и св. Евстатиј, кој на почетокот на четвртиот век бил епископ на Антиохија. Учествувал на Првиот вселенски собор (325 г.), штитејќи го православното учење. Кога после смртта на Константин Велики цар на источниот дел на империјата станал неговиот син Констанциј, за православните епископи настапиле тешки времиња. Евстатиј, како и многу други, бил свргнат од катедрата и испратен во заточенишво, во Тракија. Неговиот плоден живот завршува во 360 година, во Филипи.
Ново на Сител
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
-

Нови мерни станици во Струмица
