Ден на баталјонот за врски од составот на ЗОК

Со воена свеченост денеска во касарната „Илинден“ ќе се одбележи Денот на баталјонот за врски од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК)
Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно правилото за воен протокол, како и тактичко-технички збор на кој ќе бидат прикажани дел од опремата средствата со кои располага оваа единица.
Баталјонот за врски со успех ја обезбедува потребната комуникациско- информациска поддршка и непречено функционирањето на врските во командувањето и контрола помеѓу командите и единиците во АРМ.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 21 октомври е одреден за Ден на баталјонот за врски, како датум со кој се одбележува формирањето на одделението за врски при главниот штаб на Народно Ослободителната Војска на Македонија.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
