Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава се во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикалната организација на машиновозчаи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.
Бојкотот е почнат вчера, поради, како што вели Димовски, неисплатен втор дел од платата за ноември и неисполнетите барања од бојкотот на почетокот на декември и покрај постигнатиот договор со раководството на железничкото претпријатие.
Димовски вели дека на 18 декември им бил исплатен првиот дел од платата за ноември, како и дека добиле неофицијални информации оти денеска ќе биде исплатен вториот дел од платата, но, потенцира, бојкотот ќе продолжи се додека не не повикаат на преговори за нашите барања од минатиот бојкот од кој и покрај договорот не е исполнето ништо.
- Ќе бидеме во бојкот се додека не бидеме повикани на средба за да се договори исполнување на барањата но и да има документ дека тоа ќе се исполни, најавува Димовски.
Тој тврди дека 60 до 70 проценти од машинскиот и извршниот персонал е во бојкот, односно дека не сообраќаат поголемиот дел од возовите.
- Од патничките возови вчера сообраќаше само еден, од Скопје за Гевгелија во 16.55 часот, а од товарните возат поголемиот дел возовите. Откако стапивме во бојкот вчера во 04.47 часот не тргнаа возовите на релациите Скопје Куманово и обратно, Скопје Битола, Скопје Велес, исто така Скопје-Куманово од ноќеска и утринава Скопје Гевгелија, изјави Димовски.
На 1 декември минатата година железничкиот сообраќај во државава беше во целосен прекин, а се нормализира на 2 декември по средбата на претставниците на машинскиот и извршниот персонал со раководството на МЖ Транспорт и Министерството за транспорт. До раководството на железничкото претпријатие, како што соопшти Димовски, на 2 октомври биле доставени 15 барања, а дел од нив се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.
МИА
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
