-->
-->
Дел од општина Карпош утре без вода
-->
- Корисниците од улиците „Алберт Ајнштајн„ и „Домбас“, како и дел од корисниците од булеварот „Илинден“ во општина Карпош утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на шибер со пречник од 80 милиметри на крстосницата меѓу булеварот „Илинден“ и улицата „Алберт Ајнштајн“.
Корисниците ќе бидат без вода се додека екипата на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје не заврши со промената на шиберот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
