Дел од Карпош и Центар утре без струја, а в понеделник делови од Кисела Вода и Карпош

Корисниците од улицата „Руѓер Бошковиќ“ бр.15 - влез 1 и влез 2 во општина Карпош утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Утре од 13:00 до 15:30 часот, бе струја ќе бидат и корисниците од улицата „Васил Главинов“ во општина Центар.
В понеделник во периодот од 9:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат објектите на фабриката ОХИС – ТС Хербициди и Галвано Техна во општина Кисела Вода, како и објектот на станицата за технички преглед лоциран на ул. „Никола Парапунов“ во општина Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
-

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
-

Од следната недела значително намалување на цените на бензините - очекува Мицкоски
-

Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5% во април, тоа е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее
-

Мицкоски за најавените преговори на ЕУ со Украина и Молдавија: Опозицијата во овие две земји не работи против своите граѓани и влади
-

Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
