-->
-->
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-->

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен.
– На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ГРК Охрид го победи Еурофарм Пелистер со 29:25.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
