-->
-->
Даскаловски заминува од клупата на Карпош Соколи
-->

По синоќешниот пораз на домашен терен од Фени индустри, Борче Даскаловски реши да поднесе оставка и да си замине од тренерската позиција во Карпош Соколи.
- Оставката ја поднесов од етички причини откако клубот се најде во една тешка и независна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментов не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам се најдобро на Карпош Соколи, со желба брзо да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата која ми ја укажа, изјави Даскаловски за клупската веб страница.
Екипата на утрешниот меч од ФИБА Еврокупот против Фалкон ќе ја води досегашниот помошник, Ангел Тасевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
-

17-годишно девојче физички нападната и психички малтретирана од соученик
-

Приведен велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
