Данскиот град Оштеред воведе четиридневна работна недела

Властите во данскиот град Оштеред вовеле четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација, во која работат околу 300 лица, така што во иднина и петок ќе можат да го користат како слободен ден.
Оштеред е полуостров во северозападниот дел на осторовот Зеаланд, оддалечен околу 100 километри од Копенхаген и градот има околу 33.000 жители.
Кирстен Лунд Маквардсен која е вработена во општинската администрација вели дека по долги разговори со претставници на градските власти се одлучиле да ја спроведат во дело идејата за четиридневна работна недела. Во градската управа, вели таа, сите веруваат дека на овој начин вработените дополнително ќе се мотивираат на граѓаните да им даваат уште поквалитетни услуги.
-Сигурни сме дека луѓето ќе го ценат тоа што имаат дополнителен ден за одмор, рече Макрвардсен за „Денмарк њуз“.
Таа кажа дека општинските службеници од сега ќе работат 35 часа неделно, додека стандардната работна недела во Данска трае околу 37,5 часа.
Државните службеници вработени во општината се одушевени од новиот начин на работа и пресреќни се што одсега ќе имаат три слободни дена за општествени активности дома и во приватниот живот, пренесе „Денмарк њуз“.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Николоски: Се бара решение за македонските транспортери
-

Штип го зголемува паркинг капацитетот
-

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, Мицкоски ги загрозува пензиите
-

Преглед на вестите од светот
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
