Дачиќ: Србија не ја крие воената соработка со Русија

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Белград не крие ништо во врска со воената соработка, не само со Русија, порачувајќи дека нема да учествува во ништо спротивно на меѓународните конвенции.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ на собирот „Сојузништвото на САД со Југославија-Србија: Студена војна“ изјави дека Вашингтон не смета оти Србија треба да престане со купувањето на секаков вид оружје.
– Никогаш нема да учествуваме во нешто спротивно на меѓународните конвенции и ставови. Ние ништо немаме скриено, ниту ќе криеме и ќе продолжиме со таквата политика на отвореност и ќе ја негуваме во иднина со САД, Русија и Кина…, изјави Дачиќ по обраќањето на отворањето на состанокот за српско-американските односи, организиран од Атлантскиот совет на Србија и САД во Белград.
Дачиќ потсети дека директорот за санкции за Русија во Стејт департментот, Томас Зарзецки, поради ова ја посетил Србија во ноември и бил задоволен од состанокот.
– Се договоривме Министерството за одбрана да биде во контакт, да имаме соодветна комуникација за да не се појават проблеми во нашите односи, истакна Дачиќ.
– Надворешната политика не е само прашање на љубов и омраза, туку е и од интерес, затоа е важно да се најде заеднички именител со интересите на најмоќната земја во светот и најголемата нација на Балканот, нагласи српскиот министер за надворешни работи.
Американскиот амбасадор во Србија, Ентони Годфри, изјави дека е благодарен за транспарентноста која Србија ја покажала пред Амбасадата и Зарзецки за време на посетата.
– Ова не значи дека ние не ги следиме внимателно трансакциите во оваа област и дека американскиот Конгрес не е загрижен за оваа тема, кажа Годфри, кој додаде дека Законот за санкции на САД е многу комплициран.
Истовремено со изјавите на Дачиќ и Годфри, од српското Министерство ја пренесоа изјавата на министерот Александар Вулин дека „Србија не е колонија и сама ќе одлучува од кои земји ќе купува опрема и оружје“.
– Колку е посилна српската армија, толку подолго ќе трае мирот на Балканот, оцени Вулин.
Американската амбасада во Србија вчера повтори дека е „загрижена поради тоа што Србија набавува руска воена опрема и го повика Белград да прекине со трансакциите со Москва кои можат да предизвикаат санкции“.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
