-->
-->
Дачиќ: Извини Пленковиќ, не знам да ја пејам „Лили Марлен“
-->
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска „му се извини“ на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, затоа што, како што рече, не знае да ја отпее песната „Лили Марлен“.- Извини Пленковиќ, но јас не знам да ја испејам песната „Лили Марлен“, а ниту „За дом спремни“ на Томпсон. Вам, Хрватите, подобро ќе ви беше да се задржевте на шлагери, саркастично изјави Дачиќ во Индија, каде се наоѓа во официјална посета.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, изјавата на Дачиќ претставува продолжување на српско-хрватската „дипломатско-вербална војна“, откако Пленковиќ вчера порача дека Хрватска е одговорна држава, која сака соработка со сите земји.
- Решително ја отфрламе негативната реторика која е скандалозна, во суштина од еден минстер за надворешни работи, кој е познат по тоа што е неуспешен шлагер пејач, изјави Пленковиќ, алудирајќи на Дачиќ.
Дачиќ претходно во изјава за Танјуг нагласи дека хрватскиот премиер „очигледно нема што друго да прави, па секојдневно ја напаѓа Србија, бидејќи му е потребен непријател за да го подобри својот рејтинг на анемичен политичар“.
- Хрватска денес е држава која е во кавга со речиси сите свои соседи, констатираше Дачиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје
-

Една година по трагедијата во Кочани: Болката не стивнува, животот се дели на „пред и „потоа“
-

Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако не помогне околу Иран
-

91 сообраќаен прекршок во Скопје, одземени мотоцикли, поднесени седум кривични пријави за безобѕирно управување
-

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел
-

Зеленски: Путин никогаш не сакал завршување на војната, потребен е поголем притисок врз Москва
-

Без струја делови од Карпош и Волково
-

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер
