Дачиќ: Албанија поднесе барање за прием на Косово во УНЕСКО

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Албанија поднела официјално барање до Извршниот совет на УНЕСКО, на седницата во октомври, на дневен ред да го стави и барањето на Косово за членство во таа организација.
Покрај Албанија, барањето го поддржале, како што рече Дачиќ, уште 44 земји членки на УНЕСКО од вкупно 195, но и дека тоа не мора да значи дека барањето ќе биде ставено на дневен ред.
Српскиот министер оцени дека ќе се води тешка битка против приемот на Косово во УНЕСКО. Според неговите зборови, во самиот Извршен совет од 58 членки, на барањето му се придружиле 18, или заедно со Албанија 19 членки.
- Значи ќе се види тешка битка. Ние за таа борба сме подготвени. Мислам дека сите причини се да бидеме против и да се донесе една таква одлука е апсолутно на наша страна, изјави тој за РТС.
Дачиќ потенцираше дека формално-правно Косово нема право да биде членка на УНЕСКО, бидејќи Обединетите нации не дале таков предлог, дополнувајќи дека тие одбиле да го поддржат таквиот предлог на Косово.
- Суштински, Косово не ги исполнува сите предуслови да може да стане членка на УНЕСКО затоа што објектите кои се под светска културна заштита, под заштита на УНЕСКО во Косово, се прогласени дека се во опасност и тоа токму од оние кои сакаат да бидат членови на УНЕСКО, појасни Дачиќ.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
