Ципрас: Македонска нација не постоела никогаш

Македонска нација не постоела никогаш, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас за неделното издание на весникот „Етнос“, според порталот Њуз 24/7.
Ципрас, во интервјуто што ќе биде објавено утре, како што објавува порталот во најавата, говори детално за прашањето за името, ги отвора картите за спорот меѓу двете земји, опишува какво име би прифатила грчката влада и вели дека особено важно прашање е иредентизмот.
Во однос на неговиот коалициски партнер во владата и неговата дијаметрално различна позиција, Ципрас, според Њуз 247, вели дека „Каменос нема да стане Самарас“, со што индиректно порачува дека лидерот на Независни Грци нема да создаде проблеми во грчката влада.
Информативниот портал Њуз 247, што објавува делови од утрешното интервју на Алексис Ципрас, јавува дписникот на МИА од Атина, е дел од истата медиумска групација со „Етнос“.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
