Ципрас е убеден дека Грците ќе му дадат убедливо мнозинство

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас, изрази уверување дека Грците ќе ги демантираат анкетите кои покажуваат дека двете главни партии се блиску со проценти, и ќе му дадат убедливо мнозинство.
- Јас сум апсолутно сигурен дека грчкиот народ уште еднаш ќе ги побие пораките на анкетите кои предвидуваат дерби, рече Ципрас за време на предизборниот митинг во градот Агиос Николаос, на Крит.
- Ние крваревме со цел да го запреме крварењето на нашиот народ, бидејќи го дадовме тоа ветување и го одржавме до самиот крај, рече тој, и повтори дека дилемата е дали ќе владее стариот естаблишмент или влада која се бори.
- Дали преферирате влада што ќе го открие списокот Лагард, или оние кои ќе го прикријат, истакна лидерот на Сириза.
Ципрас рече дека не бара втора шанса, туку шанса да го продолжи првиот напор.
- Немавме можност да одиме напред и да завршиме со исполнување на нашата работа, подвлече тој.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
