Цилидис: Грција се надева да привлече доплнителни два милиона туристи следната година

Грчкиот туристички сектор планира да привлече најмалку два милиона дополнителни туристи во 2016 година, со што би инкасирала дополнителни приходи од два милиона евра, изјави претседателот на Грчката асоцијација на патнички и туристички агенции (ХАТТА) Лисандрос Цилидис.
Тој посочи дека ако тоа се оствари, приходите од туризмот би изнесувале 1,1 проценти од грчкиот бруто домашен производ.
Грчката Влада денеска се договори и да го олесни процесот за поднесување молби за виза и да го зголеми бројот на биометриски визи, што ќе ги издава Амбасадата на Грција во Москва, со цел да се привлечат руските туристи.
Египет и Турција беа најпосакувани дестинации за Русите во 2014 година. Вкупно седум милиони руски туристи ги посетија двете земји. Турција заработи околу три милијарди долари минатата година од над 4,5 милиони Руси. Бројот на руски туристи лани е речиси двојно зголемен во споредба со 2009 година.
Но, пакет аранжманите во Грција чинат речиси трипати повеќе од истите во Египет или во Турција, а рубљата изгуби 40 проценти од вредноста во споредба со еврото откако Западот воведе санкции за Москва поради анексијата на Крим минатата година.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
