-->
-->
Член на ИД со германско и турско државјанство осуден за тероризам
-->

Судот во Дизелдорф го осуди на шест години и девет месеци затвор 23-годишниот Керим Марк Б. за членство во терористичка организација, јави германската новинска агенција ДПА, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Осудениот кој во Сирија се борел под военото име Абу Зулфиќар бил дел од терористичката организација „Исламска држава“ на сирискиот фронт заминал во 2013 година каде што останал до јануари годинава кога бил уапсен во Турција по што во март бил префрлен во Германија.
Припадникот на ИД е роден во Дортмунд но поседува двојно, германско и турско државјанство.
Керим Марк Б. пред судот признал дека се придружил на ИД каде извршувал борбени дејствија и искажал лојалност кон лидерот на исламскиот калифат Абу Бакр ал Багдади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
