Четири лица најдени мртви во шатор на Монт Еверест

Четири лица, сите планинари, се најдени мртви во шатор на Монт Еверест, соопштија непалските власти.
Телата биле откриени од една спасувачка екипа што била испратена да го пронајде телото на еден словачки планинар, кој загина во неделата.
Со тоа бројот на загинатите планинари кои тргнале во опасната мисија, да се искачуваат по Хималаите до највискиот врв во светот, од почетокот на оваа година, достигна десет лица.
Сите овогодишни жртви се регистрирани во или сосема блиску до т.н. смртоносна зона, дел од планината и нејзиниот врв каде нивото на кислород е исклучително ниско.
Според медиумите во Катманду, меѓу откриените четири мртви тела, двајца биле странски планинари, додека другите двајца биле локални водичи-Шерпаси.
Во досегашниот овогодишен трагичен биланс, има жртви од разни националности, меѓу кои и искусни плнинари како еден Австралијанец и еден Швајцарец, но и 85-годишен алпинист кој се обиде да го поправи сопствениот рекорд- да биде најстариот човек што се искачил на Монт Еверест.
Од 1920 година, кога се правени првите обиди да се освои „покривот на светот“ па до сега, на Монт Еверест и на Хималаите загинаа над 200 лица.
Најцрна сезона се смета онаа во 2015 година, кога загинаа 24 планинари, најмногу како последица на падот на лавините.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
