-->
-->
Честитка од лидерот на ДУИ по повод Велигден
-->

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитка по повод Велигден до православните верници.
- Имам чест и задоволство, во име на сите нас од Демократската Унија за Интеграција и во мое лично име искрено да ви честитам по повод големиот празник Велигден со најискрени желби за благосостојба и добро здравје, наведува во честитката.
во неа доава дека задоволството е двојно кога ќе се сетам дека оваа честитка им ја посветувам и на дел од албанскиот верски мозаик, православните Албанци во Македонија и пошироко, оној мозаик кој со векови му служи на светот како пример на големите вредности на верскиот и духовен соживот на албанците.
- Духот на Велигден е воскресението на животот и надежта. Годинава, сите ние се соочуваме со тешкотии, надминување кое зависи меѓу другото од разбирањето меѓу нас и од желбата да се има подобра иднина. Граѓаните заслужуваат надеж за подобар живот, стои во честитката.
Во неа посакува следната година Велигден да не најде подобро.
На сите православни верници им посакува благосостојба и среќа во семејствата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
