Чешката скијачка Нова веќе не е во кома

Чешката алпска скијачка Тереза Нова, која тешко падна за време на тренингот пред спустот на Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен во јануари, е разбудена од индуцирана кома, објави денеска лекарскиот тим.
Дваесетиседумгодишната скијачка ќе биде транспортирана дома во Чешка, каде ќе продолжи со лекување.
При несреќата Нова со хеликоптер беше пренесена од патеката во клиника во Мурнау, Баварија, каде и беше констатирана тешка повреда на главата со крвавење, повреда на каротидна артерија и скршеница на очниот отвор.
Поради природата на повредите, таа беше ставена во индуцирана кома. По две недели, лекарите на одделот за интензивна нега почнаа со постепено будење со намалување на седативите.
„Кога отокот на мозокот се намали и крвавењето видливо се намали, пациентката беше доволно стабилна што можевме полека да ја разбудиме по консултација со нашите колеги неврохирурзи“, рече Маркус Грубер, главен лекар на одделот за интензивна нега во болницата Мурнау.
„Тереза сега е во стабилна состојба, што и овозможува безбеден транспорт до Чешка. Таму ќе биде подложена на серија дополнителни тестови и рехабилитација под надзор на специјалисти во локалната болница“, додаде Грубер.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
